Денот на трудот неработен за сите граѓани на Република Македонија

Макфакс

24/04/2018

11:28

1.162

Големина на фонт

а а а

Следниот вторник 1 мај 2018 година, кога се одбележува Денот на трудот, ќе биде неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, информираат од министерството за труд и социјална политика.

Оттаму на сите граѓани им го честитаат овој празник.

Први мај е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. Станува збор за меѓународен празник, кој секоја година се одбележува ширум светот во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 година во Чикаго. На тој штрајк, организиран со цел воведување на 8-часовен работен ден, била употребена сила од страна на полицијата, при што имало и жртви.

Подоцна, организаторите на штрајкот биле изведени на суд, при што четворица од нив биле погубени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг