Тимот на Хјустон Рокетс одигра вонсериска партија и успеа да го совлада тимот на Минесота Тимбервулфс. Сепак натпреварот во првото полувреме не делуваше дека Хјустон ќе го завршат со победа зошто на полувреме се отиде со минимална предност за Минесота 50:49.
Сепак будењето пристигна во третата четвртина кога постигнаа рекордни 50 поени и успеаа да го уништат противникот и да поведат со 3-1 во првата рунда на плеј-офот против Минесота.
Во победничкиот тим најефикасен беше Харден, кој постигна 36 поени и Крис Пол кој додаде 25 поени. Кај поразената Минесота најдобар беше Таунс со 22 поени.