Подмладокот на ДОМ бара итна легализација на канабисот

Макфакс

23/04/2018

17:00

1.364

Големина на фонт

а а а

Младинската организација на Демократската обнова на Македонија (МОДОМ) јавно се залага и го поддржува процесот за декриминализација на канабисот, стои во нивното денешно соопштение.

„МОДОМ како политички подмладок со зелена идеологија смета дека поседувањето одредено количество канабис не претставува криминал кога е за лична употреба“, се наведува во соопштението.

Од подмладокот на ДОМ потсетуваат дека декриминализацијата на канабисот во својата програма ја имале уште во 2015 година и оттаму е сосем логично што ја поддржуваат иницијативата на „Билка“.

„Само за потсетување, голем дел од земјите во светот веќе го имаат регулирано тоа прашање, а меѓу нив се: Израел, Шведска, Германија, Холандија, Швајцарија и многу други. Процентот на злоупотреба во процес на препродажба како криминално дејство е значително намален. Повикуваме на јавна дебата со сите засегнати страни и најавуваме дека во периодот што следува МОДОМ ќе организира јавна дискусија од која ќе произлезат законски измени и информации за заедничко дејствување заедно со граѓанските организации“, истакнуваат оттаму.



Спонзорирани линкови

Маркетинг