Германски новинар во живо од Дума открил: Целата приказна со хемискиот напад е изрежирана! Еве што велат мештаните

Точка

23/04/2018

17:34

3.860

Големина на фонт

а а а

Наводниот напад со хемиско оружје во сирискиот град Дума го организирале локални терористи, кои се обиделе да го претстават како напад на сириската војска, јавно открил дописник од германска телевизија, кој отпатувал во Дамаск.

"Луѓето на многу убедлив начин ни кажаа дека целата оваа приказна е изрежирана", рекол Ули Гак, дописник на германскиот јавен сервис "ZDF". 

Гак отпатувал во Сирија и посетил еден од камповите за бегалци во близина на Дамаск, каде се сместени околу 20.000 луѓе од Источна Гута и Дума.

Местото на нападот, кој наводно се случил на 7. април, всушност било "командно место" на локална исламистичка група, рекол тој, повикувајќи се на сведоците со кои разговарал во бегалскиот камп.

Рекол дека, според зборовите на локалците, терористите донеле канистери со хлор на тоа подрачје. Мештаните исто така му кажале на Гак дека тоа не е прва таква провокација во Дума која ја организирале терористите.

Според други извештаи на сведоците, терористите намерно ги изложиле луѓето на хемиски агенси во текот на тоа што го нарекле "вежба", а потоа ги снимале и ги претставиле како "доказ" за наводниот хемиски напад во Дума.

Репортерот потоа рекол дека не може да ги потврди изјавите на луѓето и не може да каже дали се вистинити, но ги нарекол прилично убедливи и додал дека заслужуваат внимание.




Спонзорирани линкови

Маркетинг