Хаас: Ограничените буџети суштински ќе ја променат Ф1

КРУГ.МК

23/04/2018

18:03

1.528

Големина на фонт

а а а

Сопственикот на Хаас Ф1, Џин Хаас, предвидува суштински промени во Формула 1 доколку се прифати предлогот за ограничување на тимските буџети. Ограничувањето е една од идеите кои се земаат во предвид за 2021 година.

„Целта е да се намали разликата помеѓу големите тимови со огромни буџети кои се на чело на гридот со тие од средината, кои имаат драстично помали буџети.

Ограничувањето на буџетот ќе го промени спортот. Ќе создаде нови, поинакви победници. Претпоставувам дека ќе има губитници во сето тоа.

Доколку и кога ќе биде воведено ограничувањето, мислам дека ќе бидеме во добра позиција. Нашата најголема предност е што можеме брзо да се адаптираме на промени, бидејќи сме нови во сето ова. Сметаме дека тоа е наша предност. Можеме брзо да се адаптираме.

За поголеми, естаблирани екипи, ќе биде потешко. Тие се како голем брод, неможе да се движат толку брзо. Наша предност е флексибилноста.

Ние не инвестиравме премногу во инфраструктура, истражување и развој, како и дизајн. Работите кои ги користиме, се користат веќе 20 години, а ние само го искористивме тоа. Ние немаме историја во сето тоа. Наеднаш, ако нов дел е достапен и е подобар, можеме веднаш да го искористиме“, изјави Хаас.

Хаас вели дека сеуште не му е јасно зошто ниту една друга екипа не го следи неговиот модел за блиска техничка соработка со Ферари.

„Ние разговаравме со Мерцедес и со Ферари. Двете екипи беа отворени за соработка под истите услови, ќе ви продадеме се што сакате.

Тоа е достапно денес. Ако сакате да одите во Мерцедес и да купите делови од нив, мислам дека би биле повеќе од среќни да ви ги продадат. Тоа е добар бизнис за нив – додаде Џин.

Доколку ограничувањето на буџетите не доведат до развојот на кој се надеваат од Хаас, тогаш американскиот милијардер предупредува дека нема да биде задоволен само со присуство без причина.

Кога ќе почнеме да губиме, не сакаме да бидеме тука. Ако не можеме да се развиваме, не постои причина да бидеме во Формула 1.

Но сеуште мислам дека нашиот модел на бизнис не движи во напредна насока“, заклучи Хаас.



Спонзорирани линкови

Маркетинг