Стротман: Имаме посебна тактика за Салах, но нема да ви откривам детали

Точка

23/04/2018

15:44

1.431

Големина на фонт

а а а

Фудбалерот за врска на Рома, Кевин Стротман добро знае од каде доаѓа најголемата опасност по голот на неговиот тим.

Рома и Ливерпул утре ќе се судрат на „Енфилд“ на првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите, а сите очи се вперен во Мохамед Салах. Најдобриот играч во Премиер лигата е главниот адут на Ливерпул, но неговиот поранешен соиграч, Кевин Стротман тврди дека Рома има тактика за него.

„Изненаден сум од тоа колку голови постигна, но не сум изненаден од тоа како игра. Овде беше ноќна мора за противниците, а еве и во Англија го прави истото“, изјави Кевин Стротман и додаде:

„Се надевам дека тоа нема да го направи против нас на следните два натпревари и дека ќе одигра лошо. Имаме посебна тактика за Салах, но нема да ви откривам детали. Всушност, италијанската одбрана е препознатлива во светот“, изјави Кевин Стротман.



Спонзорирани линкови

Маркетинг