"Српскиот Рамбо" во затвор зборува дека е платен убиец на Путин: Во реалноста е лажго и алкохоличар, кој живее во филм

Точка

23/04/2018

15:20

5.538

Големина на фонт

а а а

Игор Рус отсекогаш сонувал да живее живот на главен јунак од филм и живеел на граница меѓу фикцијата и реалноста. Повеќето од тоа што го зборувал за себе е лага. Тој е криминалец, кој вели дека е снајперист и војник, а всушност е патолошки лажго и алкохоличар, утврдиле психијатриските вештаци.

37-годишниот Србин Норберт Фехер, алијас Игор Вацлавиќ, од декември 2017. година се наоѓа во шпанскиот затвор Зуера во Сарагоса, поради тројните убиства во Шпанија и Италија во текот на минатата година. Во затвор, како што пренесуваат шпанските медиуми, учи шпански јазик, а го посетиле психијатриски вештаци кои утврдиле дека е патолошки лажго и алкохоличар, кој живее во светот на филмовите. 

Фехер во Србија е познат како "српски Рамбо", а прекарот го добил поради искуствата со стрелање, боречките вештини и оружје, додека странските медиуми го нарекуваат "Игор Рус". Италијанското обвинителство против него поднело обвиненија за 11 кривични дела, меѓу кои и убиства и обиди за убиства, додека во Шпанија во тек е истрага за уште 12 кривични дела.

Србинот во шпанскиот затвор бил посетен од психијатриски вештаци, а нивното откритие ја шокирало јавноста.

"Игор Рус отсекогаш сонувал да живее живот на главен јунак од филм и живеел на границата меѓу фикцијата и реалноста. Повеќето од тоа што го зборувал за себе е лага. Тој е криминалец, кој вели дека е снајперист и војник, а всушност е патолошки лажго и алкохоличар. Единствената вистина за него е дека е роден како Норберт Фехер во 1981. година во Суботица во Србија", пренеле шпанските медиуми.

Вештаците сметаат дека уапсениот Србин користел дури 23 различни идентитети, а шпанските медиуми пренеле дека во Србија бил обвинет за бројни грабежи и осуден на 11 години затвор поради силување кое никогаш не го признал. Живеел живот полн со лаги, кои завршиле со неговото апсење на 15. декември во Теруела.

Во затвор во Италија го запознал Иван Казлавич, кој бил снајперист во руската војска. Неговата приказна толку го фасцинирала, што кога излегол од затвор решил да го преземе неговиот идентитет и се претставувал како професионален војник, кој престојувал во Сибир во невозможни услови.

"Вели дека бил во Сибир и дека доброволно влегол во руската војска за да заработи за живот, и набрзо ги воодушевил сите бидејќи имал натчовечка способност да погоди мета. Зборувал и дека многу брзо напредувал и дека станал член на елитните убијци кои имаат за цел да ги ловат најлошите криминалци, а нивен шеф бил Владимир Путин. Така го добил прекарот Игор Рус, но овие приказни се лажни", пренел шпанскиот портал "Elespanol.com".

Вештаците на основа на снимката од убиството на барменот утврдиле дека е "лажго".

"На снимката се гледа дека во воена униформа и вооружен влегол во бар. Барал пари, но сопственикот му ја земал пушката и го претепал. Потоа побегнал во кујната, а кога барменот му пришол, извадил друго оружје и го убил. Неговото однесување на снимката не личи на однесување на војник и професионален убиец", истакнале вештаците.

Фехер се претставувал како еден од најдобрите убијци во историјата, поради што секогаш со себе носел мачета бидејќи "во секој момент можел да биде изненаден и морал да биде подготвен да се брани." На зглобот има истетовирано бројки, кои подоцна сам ги отстранил со нож. Бројките им ги покажувал на оние кои не му верувале дека е сибирски војник. Рекол дека тетоважата морал да ја отстрани кога побегнал од војска, бидејќи убил погрешна личност.

Шпанските медиуми пренеле дека Фехер ги разработил лагите до најситен детаљ, па така зборувал дека можел по цел ден да се качува на дрво или да спие надвор на минус 40 степени.

Уапсениот Србин е најдобар пријател со Иван Пајдак, а бил член на неговата криминална организација кога пристигнал во Италија. Тој е единствен кој навистина го познавал Фехер.

Моментално се наоѓа во затворот Зуера во Шпанија, каде учи шпански јазик. Фехер одлично зборува српски, италијански, руски и кинески јазик.

Игор Вацлавиќ, познат како српскиот Рамбо, бил уапсен во декември 2017. година во Туруела во Шпанија, по потрагата која траела неколку месеци. Игор Рус е осомничен и за грабеж и тројно убиство во Италија. Убиецот во текот на акцијата за апсење во Шпанија убил уште три лица - еден цивил и двајца полицајци.




Спонзорирани линкови

Маркетинг