Познат албански лобист од САД без влакна на јазикот: Тачи и Харадинај се обични мафијаши

Точка

23/04/2018

16:11

5.877

Големина на фонт

а а а

Според лобистот од САД, Тачи платил 2,3 милиони евра на една американска компанија за промоција на неговата автобиографија.

Поранешниот американски конгресмен и долгогодишен познат албански лобист, Џозеф Диогарди го обвини косовскиот претседател Хашим Тачи и премиерот Рамуш Харадинај, дека се „обични мафијаши кои ги интересира само власт и пари“, откривјаќи дека Тачи платил 2,3 милиони евра само за промоција на сопствената автобиографија.

„Хашим Тачи и Рамуш Харадинај се обични мафијаши. Тие не се заинтересирани за народот, туку нив ги интересира само парите и моќта“, изјави Диогарди за приштинскиот портал „Инсајдер“.

Џо Диогарди и Том Лантос беа првите промотери на идејата за независност на Косово во Капитол Хил во Вашингтон. Неговото семејство веќе со години ја води американско-албанската лига. Диогарди смета дека албанската политичка елита „мисли дека се може да се купи со пари“, открива приштинскиот портал.

„И мене се обидоа да ме купат. Ми понудија пари за да можат да кажат дека лично ја имаат поддршката на Диогарди. Но, јас не сакам да примам одликувања од корумпирани лидери“, изјавил Диогарди.

Диогарди меѓу другото, за приштинскиот портал откри дека Хашим Тачи потрошил 2,3 милиони евра од буџетот на Косово за промоција на својата автобиографија - парите ги уплатил на сметка на компанијата „Алисон Бирд“ во која што како советник работи поранешниот американски сенатор Роберт Дол кој што исто така е еден од најпознатите албански лобисти во САД.



Спонзорирани линкови

Маркетинг