"Human Rights Watch" ја осуди дискриминацијата: Во оваа држава работа добиваат само слаби и убави жени

Точка

23/04/2018

14:47

2.298

Големина на фонт

а а а

Големите кинески компании како "Alibaba", џиновите на интернет трговијата, дискриминираат при вработувањето, давајќи им отворена предност на мажите, обвинува организацијата за човекови права "Human Rights Watch" и предупредува дека условите за работа за жени се влошуваат во втората најголема светска економија.


Во извештајот насловен "Се повикуваат само мажи да поднесат пријава: полова дискриминација при вработувањето во Кина", "HRW" предупредува дека таквата пракса е очигледна и во приватниот и во јавниот сектор. 

Во Кина се објавуваат огласи за работно место со напомена "само мажи", но и огласи во кои од жените се бара да бидат "естетски допадливи". Таквата дискриминација е илегална во Кина, но ретко се казнува, пишува "HRW".

"Alibaba" двојно обвинета за дискриминација

"Ablibaba", "Tencent" или "Baidu" објавувале огласи во кои јасно преферираат машки кандидати, вели невладината организација. "Alibaba", освен тоа, е обвинета дека се бара од женските кандидатки да бидат "убавици" или "божици".

"Тие компании се фалат дека се супермодерни и напредни, но при вработувањето се служат со стратегии кои покажуваат колку длабоко е вкоренета дискриминацијата во Кина", оценува Софи Ричардсон, директорка на HRW за Кина.

"Alibaba" реагирала на извештајот со изјава дека спроведува политика на еднаквост при вработувањето и дека жените сочинуваат 47 проценти од нивните работници, а третина се на управувачки места. "Baidu" изјавил дека огласите кои ги споменува "HRW" се повлечени и изразува жалење. "Tencent" и "Huawei" засега не се огласиле, пишува "AFP".

Не е подобро ни во јавниот сектор

Ни во јавниот сектор работите не се подобри, пишува "HRW". Секој петти оглас за вработување во 2018. носел одредба "само мажи", или "предност за мажи". Огласите бараат од жените да бидат "витки", "убави" и да "следат мода".

Извештајот се темели на анализа на повеќе од 36.000 огласи за работно место, објавени од 2013. до 2018. година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг