Ако една фотографија е илјада зборови, тогаш ова совршено објаснува што се случува во бракот на Доналд и Меланија Трамп

Точка

23/04/2018

14:41

13.215

Големина на фонт

а а а

На последното испраќање на поранешната прва дама на Соединетите Америкаски Држави, Барбара Буш, се појавија бројни американски високи функционери и поранешни државници, но не и претседателот Доналд Трамп.

Како што соопштија од Белата куќа, претседателот Доналд Трамп не присуствувал на погребот на поранешната прва дама Барбара Буш „од почит“ кон семејството, односно затоа што не сакал неговото обезбедување да направи „хаос“ и да ја преплави церемонијата со агенти на тајната служба.

Сепак, во име на претседателот на САД, пристигна неговата сопруга Меланија Трамп која што седеше веднаш до поранешниот претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел, како и до поранешниот претседател Бил Клинтон и неговата сопруга Хилари.


Најголемо внимание привлече фотографијата на која што Меланија Трамп се гледа насмеана во друштво на Барак Обама.

На социјалните мрежи има бројни реакции на кои што корисниците велат дека очигледно на Меланија Трамп ѝ е позабавно на погреб со Обама, отколку на инаугурација со нејзиниот сопруг Трамп.


Според многумина, ова е уште еден доказ за тоа што се случува во бракот на Меланија и Доналд Трамп во кој очигледно „не цветаат рози“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг