Пуштен во употреба автопатот Демир Капија – Смоквица

Макфакс

23/04/2018

13:42

9.267

Големина на фонт

а а а

На свечена церемонија денеска напладне е пуштена во употреба автопатската делница Демир Капија – Смоквица, последниот дел од Коридорот 10 низ Македонија.

Станува збор за последните 28 километри од автопатот „Пријателство“, чија изградба почна во септември 2012 година. Автопатот на релацијата Демир Капија – Смоквица се градеше со 130 милиони евра средства од Европската инвестициска банка, со кредит од 107 милиони евра Европската банка за обнова и развој и со 45 милиони евра грант од Европската комисија.

Свеченото пуштање во употреба се одржува пред вториот тунел, а на церемонијата присуствуваат претставници на Владата, како и претставници на Директоратот за проширување на Европската Унија, највисоките претставници на Делегацијата на ЕУ во Република Македонија, претставници на локалните самоуправи низ кои поминува автопатот „Пријателство“ од Коридорот 10 во Република Македонија, претставник на централната власт на Република Грција и претставници на компаниите изведувачи на работите на оваа делница.

По шест години работа, делницата располага со две клучки кај Миравци и Смоквица, два тунела долги по 1.200 метри, шест моста со должина од 100-500 метри, шест потпатници и два натпатника. Таа е широка 25,6 метри, има две ленти за возење и една за застанување и средишен зелен појас широк три метри.

Специјалното јавно обвинителство минатиот месец отвори истрага наречена „Актор“, која се однесува на фаворизирање на истоимената грчка компанија, којашто беше избрана да го гради автопатот од Демир Капија до Смоквица, иако подобра понуда имала италијанска компанија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг