Гвардиола за изборот на Салах: Му честитам, но за мене најдобар фудбалер е…

Дерби

23/04/2018

13:25

2.967

Големина на фонт

а а а

Шпанскиот стратег, Пеп Гвардиола во својата втора сезона на кормилото на Манчестер Сити го фати посакуваниот правец и кампањата ќе ја заврши со два трофеи (Премиер лигата и Лига Купот).

Тоа секако ќе биде дополнителен поттик за уште подобри резултати, па и за напад на толку посакуваниот пехар од Лигата на шампионите, но Гвардиола не брза и уште од сега има поставено конретна цел за наредната кампања-тоа е да ја одбрани титулата во домашниот шампионат.

Гвардиола го коментираше изборот на Мохамед Салах за фудбалер на сезоната во англиската Премиер лига, во традиционалниот избор на професионалните фудбалери во Англија. Фудбалерот на Ливерпул кој има неверојатна сезона во која со своите голови постави многу рекорди.

Тој изјави дека наградата требала да отиде во рацете на Кевин Де Брујне, кој во Премиер лигата постигна осум гола и 15 асистенции.

– Според моето лично размислување, оваа натпреваручка сезона нема подобар играч од Де Брујне. Сакам да му упатам честитки на Салах за наградата, но, сепак Кевин е мојот избор. Можеби статистички бројки не му одат во прилог, но, повторувам дека никој не играше на ниво како него, – изјави Пеп.



Спонзорирани линкови

Маркетинг