Тајна средба на Димитров и Коѕијас во Виена?

Макфакс

23/04/2018

12:58

925

Големина на фонт

а а а

Изминатите неколку денови грчките медиуми шпекулираат за нова тајна средба во Виена помеѓу министрите за надворешни работи на Грција и Македонија, Никос Коѕијас и Никола Димитров.

Според тамошните медиуми, средбата на која ќе присуствува и медијаторот Метју Нимиц е иницирана од изјавата на Коѕијас за грчкото Радио 247 дека е прекратко времето за Македонија до јуни да влезе во НАТО.

„А1он“ и „Макфакс “се обратија до Министерството за надворешни работи, но оттаму ниту ја потврдуваат ниту, пак, ја демантираат оваа информација. На последната средба на Коѕијас и Димитров во Охрид беше соопштено дека следната нивна средба ќе биде на 3 и 4 мај во Солун, а потоа и на 11 и 12 мај.

По средбата во Охрид македонскиот министер за надворешни работи, Димитров, изјави дека за првпат со неговиот колега Коѕијас разговарале за временска рамка во преговорите и начинот на имплементирање на евентуално решение. Напредокот во преговорите го потврдија и двајцата министри, но исто така истакнаа дека остануваат најтешките прашања во решавањето на спорот за името.



Спонзорирани линкови

Маркетинг