Пејачката уште еднаш го запалила интернетот, но овој пат малку поинаку од обично...
Бијонсе во саботата навечер повторно настапила на Коачела, а како гостин ја довела својата сестра Соланж. Сестрите ја повториле кореографијата од минатиот викенд, и во еден момент - паднале.
Да, добро прочитавте: Бијонсе паднала на бината. Не е јасно што точно се случило. Некои сметаат дека Соланж сакала да скокне на Би и ја "срушила", а некои дека Би се обидела да ја крена сестра си, па двете паднале.
Како и да е, интернетот полудел, а Бијонсе на сите им станала помила, бидејќи докажала "дека е само човечко суштество". Поради познатата пејачка, познатиот фестивал го добил прекарот "Beychella".
Освен својата сестра, Би на бината ги довела и Џеј Зи и Балвин. Со нив не паднале. Не паднала ни со девојките од "Desteny's Child" со кои претходно пеела на познатиот фестивал.