Обвинителството не нашло кривична одговорност за Андреа Јосифовски и осомничените во „Макпетрол“

Макфакс

23/04/2018

11:26

2.550

Големина на фонт

а а а

Јавното обвинителство ја отфрли кривичната пријава за раководството на „Макепетрол“.

Јавното обвинителство ја отфрли кривичната пријава од полицијата покрената против нафтената компанија, за Андреја Јосифовски, првиот човек на фирмата, но и уште против други 20 лица, членови на Управниот и надзорниот одбор, како и лица од Централниот регистар, Централниот депозитар за хартии од вредност и од Комисијата за хартии, сите пријавени за злоупотреба на службена должност и овластување.

Станува збор за случајот со формирањето на друштвото со акции „ОИЛКО“. Полицијата ги товареше осомничените за незаконско прелевање на капитал од едната во другата фирма. Во 2015 година кога беше поднесена пријавата МВР имаше проценето дека наводната штета што ја предизвикале пријавените изнесувала околу шест милиони евра. Во пријавата пишуваше дека по формирањето на „Оилко“, меѓу фирмата „мајка“ „Макпетрол“ и фирмата ќерка „Оилко“ се склучени поголем број договори од кои според годишните биласни, целиот профит оди на страната на „Оилко“, додека Макпетрол бележел загуби. Имено, при извршената анализа полицијата утврдила дека во периодот од 2002 до 2007 година „Макпетрол АД“ Скопје работи со добивка и oстварило нето добивка во вкупен износ од 1.128.185.175 денари, а пак за период од 2007 до 2014 година „Макпетрол АД“ Скопје остварува нето загуба во вкупен износ од 446.626.307 денари. „Оилко“, во овој период работи со добивка и остварува нето добивка во вкупен износ од 230.408.250 денари што претставува сомнеж дека средствата од Макпетрол АД-Скопје се слеваат на сметка на „Оилко“.

Според наодите на полицијата, првоосомничениот, Јосифовски, кој се јавува во својство на претседател на Управен одбор во „Макетрол“ и комплементар и управител во командитно друштво со акции за транспорт „Оилко“ Скопје, второосомнилениот С. Л. (60), како член на Управен одбор и комплементар и управител во „Оилко“, заедно со останатите осомничени, искористувајќи ја службената положба и овластување им нанеле штета на акционерите на „Макпетрол“ во износ од 375 милиони денари (приближно 6,1 милиони евра), притоа овозможувајќи им на комплементарите да се стекнат со право да располагаат и одлучуваат за акционерски капитал и права на глас во „Макпетрол“ во износ од 19.95 отсто, а пак на командиторите да се стекнат со капитална добивка во вкупен износ од 304.193.176 денари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг