Страшно убиство во Перу: Линчувале Канаѓанец бидејќи мислеле дека им ја убил племенската надрилекарка

Точка

23/04/2018

11:25

6.042

Големина на фонт

а а а

Припадниците на далечното амазонско племе Шипибо-Конибо линчувале 41-годишен државјанин на Канада, кого го обвиниле дека ја убил 81-годишната племенска надрилекарка, соопштил денес државниот обвинител во Перу.

 

Надрилекарката била застрелана во четвртокот во близина на својата куќа во амазонскиот регион Укајали, а некои мештани на селото за убиството го обвиниле Канаѓанецот Пол Вудроф, кој живеел во тој регион и за кој се верува дека се лечел кај убиената жена.

Полицијата го пронашла телото на Вудроф закопано во близина на селото, откако на социјалните мрежи била објавена видео снимка од група луѓе кои ставаат јаже околу вратот на еден маж и го влечат.

Со обдукција бил утврдено дека станува збор за Вудроф, и дека умрел од давење. Засега никој не е уапсен.

Обвинителите го истражуваат убиството на надрилекарката и велат дека е прерано да именуваат осомничени во предметот, а немало никакви апсења поради убиството на Вудроф.

Како што се наведува, во поголем дел од перуанските Анди и Амазон нема многу полиција, а селаните во далечните предели често сами ги казнуваат осомничените за злосторства според локалните обичаи и без вклучување на државната полиција и обвинителството.




Спонзорирани линкови

Маркетинг