Судири на радикали и имигранти на грчки Лезбос

Нетпрес

23/04/2018

10:44

659

Големина на фонт

а а а

Неколку лица се повредени во инцидентите во неделата на грчкиот остров Лезбос, кои се случија меѓу радикално десничарски групи граѓани, бегалци и мигранти кои протестираа на плоштадот во градот Митилини и полицијата.

Инцидентите, според грчките медиуми, завршија во 5.30 часот утрово со интервенција на полицијата, празнење на плоштадот и насилно пренесување на бегалците и мигрантите во прифатниот центар Морија.

Локалните медиуми од островот пишуваат дека се почнало кога група граѓани, радикални десничари, се обиделе да ги нападнат мигрантите и бегалците насобрани на еден од плоштадите, но и полицајците кои ги штителе. Центарот на Митилини се претворил во бојно поле, групата фрлала камења, дрва, пиротехнички материјали кон бегалците и мигрантите, извикувале „запалете ги живи“, а полицијата употребила солзавец. Биле запалени и канти за отпадоци, а неколку лица, повеќето мигранти, биле повредени и пренесени во болница.

Лезбос е еден од грчките острови што се најпогодени од бегалската криза уште од 2015 година, а бегалците и мигрантите најчесто протестираат против лошите услови и пренатрупаноста на прифатните центри.



Спонзорирани линкови

Маркетинг