Франција, САД и сојузниците не смеат да ја напуштат Сирија откако ќе заврши тамошната војна, туку треба да останат и да помогнат во изградбата на разрушената држава, смета францускиот претседател Емануел Макрон.
Францускиот претседател порача дека „треба да се изгради нова Сирија после војната“, додавајќи дека улогата на Соединетите Американски Држави ќе биде исклучително важна во тој процес.
Макрон појасни дека тоа не значи дека таквата задача мора да биде извршена од американските воени сили, туку претежно мисли на американската дипломатија и самиот претседател Доналд Трамп.
Според Макрон, главните причини поради кои западните сили мора да останат во Сирија е сирискиот претседател Башар Ал Асад, како и порди големото влијание на Иран.
„Ако целосно го напуштиме подрачјето во тој момент кога ќе ја завршиме борбата против Исламската држава, ние ќе оставиме плодна почва за иранскиот режим и Башар Ал Асад, а тие ќе подготват војна. Тие ги поддржуваат терористите“, изјави Емануел Макрон.
.@EmmanuelMacron discusses the role of the U.S. and allies in Syria: pic.twitter.com/nMnloASJUL
— FoxNewsSunday (@FoxNewsSunday) April 22, 2018
Според аналитичарите, со најновата изјава Макрон практично го открил планот на Западните сили - станува јасно дека САД, Франција и сојузниците нема во догледно време да се повлечат од Сирија, барем не додека се уште е на власт сирискиот претседател Башар Ал Асад.
Освен тоа што Макрон е еден од најсилните заговарачи за останување на САД во Сирија, Франција е единствената земја членка на Европската унија (ако се исклучи Велика Британија), која што учествуваше во ракетирањето на Сирија на 14-ти април.