Џоди Фостер води болница за криминалци во трејлерот за акциониот трилер „Хотел Артемис”

Точка

21/04/2018

21:18

3.343

Големина на фонт

а а а

Фиктивните карактери од филмовите кои работат надвор од законот ретко добиваат најдобар медицински третман (само прашајте го полицаецот кој го играше Том Круз во „Малцински извештај”). Но, што ако постои конкретно место каде што прекршителите би можеле да одат за да ги третираат нивните рани?


Во новиот, акционен трилер „Хотел Артемис”, Џоди Фостер (мислев дека се пензионира) игра лик наречен „Медицинската сестра”, која раководи со тајна, болница за криминалци, во која мора да си член. Филмот е напишан и режиран од Дру Пирс, а улогите ги толкуваат Стерлинг К. Браун, Софија Бутела, Џеф Голдблум, Брајан Тири Хенри, Џени Слејт , Закари Квинто, Чарли Деј и Дејв Баутиста. Хмм, интересна група собрале.


„Ова е навистина оригинално”, изјави Браун неодамна за EW. „Имаш болница за криминалци, значи тоа се сè лоши момци, но тие имаат цел која е поголема од самите нив, па тоа на некој начин ги прави добро-лоши момци ... Тимот е лудница ... Ова е еден од првите филмови на Фостер во последниве неколку години. Фактот што работиш со една од иконите во филмската индустрија, го прави сево ова уште посилно и оригинално“.


Богами, Џоди Фостер е ѕверка, а и идејава ветува. „Хотел Артемис” пристигнува во кината на 8 јуни.




Спонзорирани линкови

Маркетинг