Невеста компјутерски инженер која немала другарки си направила моминска вечер со нејзините „браќа”

Точка

21/04/2018

21:00

7.091

Големина на фонт

а а а

Не е тајна дека смеровите како инженерство, математика, технологија не се баш преполни со жени. Па, кога станува збор за стекнување пријатели во тие полиња, шансите се дека една жена ќе има повеќе од двајца машки пријатели.

За компјутерскиот инженер Ребека Брантес, ова бил проблемот со кој се соочувала додека се подготвувала за нејзината свадба. Како што вели идната невеста, таа немала другарки кои би ја презеле улогата  на деверици за нејзината свадба. Но, наместо да се чувствува лошо, Брантес имала брилијантна идеја. Зошто да не направи моминска забава со нејзините другари? Нејзините „браќа” се согласиле, и така заедно направиле пресмешни фотографии од типична невестинска фото-сесија.

Оваа забавна идеја Брантес ја добила една недела пред нејзината свадба. „Гледав некои фотографии од невести со нивната банда другарки”, објасни таа за Bored Panda,  „сите облечени во ноќници, се смеат, пијат шампањ,  и малку се натажив бидејќи јас нема да можам да направам такво нешто”. Користејќи ги овие сцени како инспирација, фотографот Фернандо Дуке и направил смешна фото-сесија со нејзините пријатели облечени во свилени розови ноќници, како се подготвуваат за големиот ден.

Тие се бричат заедно, и помагаат на невестата со нејзината шминка и се разбира, се распаѓаат над венчаницата. Фотографиите се навистина смешни и уникатни – нејзините „браќа” навистина се влезени во улогата на деверици. Неконвенционалната невестинска фото-сесија беше неверојатен успех. „Фото-сесијата беше навистина забавна”, се сеќава Бранте. „Сите пиеја ефтин алкохол, а понекогаш се смеевме толку многу што моравме да направиме пауза за да се совземеме и да продолжиме со фотографирањето”.




Спонзорирани линкови

Маркетинг