И Алиоски се „разбуди“ за победа на Лидс по четири меча

Макфакс

21/04/2018

19:52

2.615

Големина на фонт

а а а

По Александар Трајковски, кој даде гол и имаше асистенција за Палермо во Серија Б, и Езѓан Алиоски се „разбуди“ постигнувајќи го победничкиот гол за 2:1 триумф на Лидс над тимот на Барнсли во англискиот Чемпионшип.

Лидс на „Еланд роуд“ поведоа уште во 17. минута преку Том Пирс, но до крајот на полувремето беше 1:1, откако Педи О’Конорс и постигна автогол во 36. минута. Алиоски го постигна одлучувачкиот гол во 50. минута од мечот, за Лидс да победат првпат по четири натпревари.

По одличниот старт на сезоната за Алиоски и за Лидс, дојде пад во формата, смена на тренерот и клубот е на 12. место во лигата, без шанси да се бори за плеј-оф за влез во Премиер лигата. Со победата, според англиските медиуми, Алиоски му ја спаси клупата на Пол Хекингботом, бидејќи менаџерот не успеа да го крене нивото на тимот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг