Конечно објавена оригиналната студиска снимка од песната „Nothing Compares 2 U” од Принс

Точка

21/04/2018

20:34

3.656

Големина на фонт

а а а

Поминаа речиси две години откако почина Принс, и мислам дека ќе се согласите дека светот не е ист без „Виолетовиот”. Единствената утеха што ја имаме е нечуената музика што тој ја остави зад себе која, како што вели едно лице што го видел сефот на Принц, е толку голема што може секој месец да се објавува по една нова песна во наредните сто години.

Сега, „Prince estate”, преку „Pitchfork”, откри и објави вистинска реткост - единствената позната студиска снимка на една од неговите најпознати песни „Nothing Compares 2 U”. Тоа e специјално направеното музичко видео, составено од стари снимки од пробите на Принс и неговиот бенд „Revolution”.


„Nothing Compares 2 U” за прв пат беше објавенa од групата „The Family”, формирана од Принс, на нивниот истоимен албум од 1985 година, но никогаш не успеа на топ листите. Принц, знаејќи го потенцијалот на песната да постaнe хит, ѝ ја позајми на пејачката Шинед О'Конор во 1990 година, и како што ви е познато на сите песната стана огромен хит низ целиот свет. Ова е само една од многуте песни што Принс ги позајми на други пејачи или конкретно ги напиша само за нив, кои станаа светски хитови. Подоцна, Принц многу пати ја изведуваше песната во живо и во 1993 година издаде компилација од неговите најголеми хитови. По неговата смрт, неговата пријателка и икона на 80-тите години Мадона ја отпеа песната во негова чест.


Но, ова ново издадено демо, е единствената позната студиска снимка од познатата песна каде Принс го пее вокалот. Ова беше направено во летото 1984 година, за време на манијата која ја предизвика Purple Rain, така што веројатно Принс размислувал дали да ја вклучи на следниот студиски албум на „Revolution’s”, „Around the World in a Day”, но сепак се премислил.




Спонзорирани линкови

Маркетинг