Наци фестивалот во Германија ја шокирал Европа: Погледнете ги фотографиите од прославата на роденденот на Хитлер

Точка

21/04/2018

17:37

12.371

Големина на фонт

а а а

Неколку стотини неонацисти се собрале во германскиот град Остриц, на крајниот исток на земјата, за да го обележат роденденот на Адолф Хитлер.


Уапсено било, наведува "AP", едно 31-годишно момче кое го салутирало Хитлер, што во Германија е забрането со закон. Полицијата е на терен и ги прегледува сите лица во близина на манифестацијата. 

Германските власти не успеале да го спречат одржувањето на манифестацијата, бидејќи се одржува на приватен имот, но успеале да забранат продажба на алкохол, како и консумирање на самата манифестација.

Дводневната манифестација е наречена "Штит и меч", а изложена била разна ултрадесничарска роба во вид на маици, тенкови играчки, постери и друго, наведува агенцијата.

Мештаните на Остриц од друга страна организирале фестивал на мирот на градскиот пазар, а тамошните медиуми јавуваат дека на тој собир се појавиле повеќе од 1.000 луѓе.

За денес е закажано возење со велосипеди како протест против дводневната манифестација посветена на роденденот на Адолф Хитлер.





Спонзорирани линкови

Маркетинг