Кој ќе биде неговиот нов клуб: Балотели си оди од Ница!

Дерби

21/04/2018

16:28

2.074

Големина на фонт

а а а

Италијанскиот напаѓач, Марио Балотели по крајот на оваа натпреварувачка сезона ќе си замине од таборот на францускиот прволигаш Ница.

Популарниот Супер Марио изминативе две сезони беше дел од Ница, тим во кој си ја врати самодовербата и редовно ги тресеше противничките мрежи, па сега е подготвен за нов предизвик во кариерата.

-Тоа беа две прекрасни години, ви благодарам на сите. Остануваат уште 5 натпревари, -порача Балотели преку својот профил на Инстаграм.



Спонзорирани линкови

Маркетинг