Дали би спиеле во стаклена капсула која виси од перуанска карпа?

Точка

21/04/2018

18:39

7.363

Големина на фонт

а а а

Дали би се осмелиле да спиете во овој хотел со милион ѕвезди кој види од карпа? Тоа е идејата зад спектакуларните апартмани „Skylodge Adventures”, стаклени капсули кои „несигурно” висат од карпа во Светата Долина во Перу.


Ако сте доволно храбри, овие кристални капсули се достапни само по искачувањето на 400 метри на карпата или после пешачењето по смела патека каде на крај ве очекува уште едно изненадување, зип-лајн кој ве поврзува со хотелот.


Штом ќе се сместите, во текот на денот ќе бидете почестени со импресивен панорамски поглед на долината, а во текот на ноќта ќе ве „поздрави” Млечниот Пат.


„Мотивот зад овие неверојатни капсули беше да се понуди уникатно искуство кое ќе ги поврзе гостите со природата или ќе ги натера да сфатат што навистина е луксуз”, вели Наталија Родригез, менаџер на „SkyLodge”, за „CNN Travel”.


Апартманите се замисла на авантуристичката компанија „Natura Vive” - кои сакаат нивните гости да го пронајдат нивниот внатрешен авантурист. Во внатрешноста на овие стаклени апартмани има четири кревети, „трпезарија” и приватен тоалет. Креветите имаат квалитетни перници и јоргани, за спиењето да ви биде удобно, освен ако милионите ѕвезди над вас не ви го одземат вниманието.


Родригез вели дека главните предизвици за изградба на овие уникатни структури биле "да се донесат потребните материјали горе" и "дизајнирањето за да можат да бидат отпорни на силни ветрови".


Но, не грижете се - капсулите се изработени од алуминиум кој се користи за изградба на авиони и поликарбонат отпорен на временски услови - па „Natura Vive” ветува дека се безбедни и гостите се сигурни.


Овој неконвенционален хотел ќе ве чини 400 долари за една ноќ. Цената вклучува приватен превоз до и од вашето сместување, опрема, водичи, плус гурманска вечера со шише вино и доручек со поглед на долината.


За оние кои не сакаат да преноќат, „SkyLodge” нуди само ручек, перуанско гастрономско искуство кое ќе ве чини 237 долари.


Па, дали сте доволно големи авантуристи?




Спонзорирани линкови

Маркетинг