Еве зошто ударите во Сирија не биле успешни како што ги претставил Доналд Трамп

Точка

21/04/2018

16:22

11.817

Големина на фонт

а а а

Американските, британските и француските удари на Сирија не биле толку успешни, иако американскиот претседател Доналд Tрамп ги пофалил со зборовите - "Мисија успешно завршена".


Коментарот на Трамп дека "мисијата е остварена" е сличен на тој на Џорџ Буш Помладиот во 2001. година, кога САД го урнале ирачкиот диктатор Садам Хусеин, пишува британски "Independent".

Трите сојузнички сили уништиле три цели поврзани со програмот за оружје во Сирија, од кои најважен е Центарот за истражување и развој Барзах.

Американската разузнавачка служба заклучила дека тој центар бил вклучен во производство и тестирање на технологија за правење на хемиско и биолошко оружје.

Меѓутоа, четворица американски службеници рекле дека моментално достапните информации укажуваат на тоа дека резерви за правење на хемиско оружје во Сирија има на многу места, далеку од трите зацртани мети.

Тие информации укажуваат на тоа дека некои од супстанците се чуваат во училишта и станбени згради, за кои еден од службениците рекол дека се своевиден "човечки штит", односно дека тие згради се полни со цивили, што треба да одврати многу напаѓачи.

Зборувајќи пред Конгресот ден пред воздушните напади, американскиот секретар за одбрана, Џејмс Матис, рекол дека еден од неговите главни приоритети во планот за операцијата бил да ја минимизира загубата на цивилни животи.

И сириската власт и Русија негираат дека во текот на нивната офанзива на Дума на 7. април било користено хемиско оружје, по што повторно преземале контрола над тој бунтовнички град во близина на Дамаск.

Потсетуваме, во наводниот хемиски напад загинале најмалку 40 луѓе, а инспекторите од Организацијата за забрана на хемиско оружје уште не пристигнале на терен, бидејќи биле спречени од пукањето.

Американските службеници рекле дека проценките укажуваат дека ударите на Барзах ја намалиле способноста на сирискиот режим да произведува хемиско оружје, но истовремено укажале дека голема количина на хемиско оружје е складирана на некое друго место.

Хлоринот, за кој американските експерти тврдат дека бил користен во Дума, е вообичаена индустриска хемикалија која не е тешко да се најде и да се претвори во оружје.

Трамп пред воздушните напади ги обвинил Русија и Иран за поддршката што му ја даваат на Башар ал АСад, па постоела можност тој да цели и на нивни војници. Меѓутоа, американските службеници рекле дека Русија и Иран никогаш не биле гледани како мета.




Спонзорирани линкови

Маркетинг