Заев: Ако во мај објавиме решение за името, поканата за НАТО автоматски ќе се активира

Макфакс

21/04/2018

14:23

3.452

Големина на фонт

а а а

Имаме условена покана за НАТО и таа ќе се активира автоматски откако ќе се постигне решение за името, порача премиерот Зоран Заев.

Тој потенцира дека поважно е постигнувањето решение, отколку роковите и повтори дека сега е вистинскиот момент да се најде решение каде сите партиципиенти во државата би застанале заедно зад нешто што е согласно сочувувањето на нашето достоинство и нашиот идентитет, а водејќи грижа и за достоинството на грчката страна.

– Имаме условена автоматска покана. Не ни треба Самитот на НАТО за некој да одлучи за поканата за Македонија. Значи, ако на 7 мај објавиме решение и на 8 мај грчката Влада испрати писмо до генералниот секретар Столтенберг, почнува процесот на ратификација на договоорт за полноправно членство на Македонија во НАТО. Затоа поголем е фокусот на решението, отколку на рокови, рече Заев.

Се надева дека ќе одржи средба со грчкиот премиер Алексис Ципрас што, како што посочи, ќе значи дека останале уште околу 10-тина проценти за решавање.



Спонзорирани линкови

Маркетинг