Салах испрати порака пред соочувањето со Рома: Тоа ќе биде…

Дерби

20/04/2018

16:20

1.093

Големина на фонт

а а а

Полуфиналето во Лигата на шампионите ни ја носи пресметката меѓу Ливерпул и Рома, пресметка на две екипи кои во претходната рунда нокаутираа два големи фаворити Манчестер Сити и Барселона, пресметка која се очекува да биде неизвесна и интересна, пресметка во која Мохамед Салах ќе удри по довчерашните колеги.

Токму Салах привлекува големо внимание пред двобојот и тоа поради фактот што игра фантастично во првата сезона за „црвените“ (40 голови во сите конкуренции), но и поради фактот што до „вчера“ играше на „Олимпико“. Самиот Мо признава дека емотивно е врзан за калчологашот, ама и дека ќе даде се за да неговиот сегашен тим се пласира во финалето.

- Ќе биде емотивно да се соочам со Рома по прв пат. Играв таму две години, бев многу среќен и имав добар однос со навивачите. Јас сум многу задоволен што се враќам таму, бидејќи ги сакав навивачите и тие ме сакаа. Се надевам дека ќе победам, но исто така сакам да и посакам се најдобро на Рома, - истакна Салах.



Спонзорирани линкови

Маркетинг