Централната банка на Турција во текот на 2017. година ги повлекла сите златни резерви од американските Федерални резерви.
Turkey withdraws its gold from USA... pic.twitter.com/6ipDhTOTpU
— Turkey English News (@turkeyenglish1) April 19, 2018
Одлуката за повлекување на златните плочки била донесена поради влошувањето на односите меѓу Анкара и Вашингтон, по повеќе регионални и билатерални теми, пишува "Hurriyet".
Систематското повлекување на златото од американските Федерални резерви почнало во 2017. година. Во САД се чувале околу 28,7 тони од тој драгоцен метал.
Потврдата на таа информација се наоѓа и во официјалниот извештај на Централната банка од април. Во делот за резервите на Турција во САД за 2016. година, се наведува бројка од 28.689 килограми злато, додека во 2017. година тоа поле било прецртано. Вкупниот обем на златни резерви на земјата, како што се наведува во извештајот, се проценува на 565,5 тони, односно 20 милијарди долари во парична противвредност.
Како што објаснува весникот, златото кое е повлечено од САД делумно е вратено во Турција, додека остатокот е распореден низ Европа: во Централната банка на Велика Британија и Банката за меѓународно сметководство во Швајцарија.