Google со помош на 3D внесува живот во загрозените светски културни наследства

Точка

20/04/2018

13:55

2.228

Големина на фонт

а а а

Соработката со CyArk на корисниците ќе им овозможи шетање, прегледување, како и увид во дигиталниот живот на 25 локации од 18 земји ширум светот.

Откако благодарение на скенирањето во дигитален облик префрли некои од најретките и највредните книги и уметнички дела на светот, Google се насочи кон реализација на малку поамбициозен проект.

Во партнерство со непрофитабилната организација CyArk, Google започна со проект на сочувување на историските локации ширум светот кои што поради временските услови или човечкиот фактор се во опасност да исчезнат засекогаш.

Проектот под назив "Open Heritage Project" ќе користи посебна технологија на ласерско скенирање и проектирање во 3Д за да се сочува секој детал од историските градби и истите да бидат прикажани во дигитален формат.

На платформата Google Arts and Culture веќе може да се прегледаат познатите уметнички дела и да се прошета низ некои од најпознатите светски музеи од удобноста на вашиот дом.

Сепак, новиот поамбициозен проект првично ќе овозможи прегледување и „дигитален живот“ на 25 локации од 18 различни земји, меѓу кои ќе биде и познатиот храм „Ананда Ок Кјаунг“ од Мјанмар кој во 2016-та година беше оштетен во разорен земјортес, а беше снимен непосредно пред катастрофата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг