Искусниот бразилски ас, Тијаго Силва кој веќе шеста година е во редовите на Пари Сен Жермен откри кога ќе и стави крај на приказната со „светците“.
За овој период Силва ги освои сите титули во Франција, ама воедно доби и добива критики за неуспехот во Лигата на шампионите, поточно за неговата улога како лидер и капитен на составот. Истите допираат до него, меѓутоа дефанзивецот нема намера да се објаснува, дополнително да се докажува, бидејќи добро знае кои се неговите квалитети.
- Невозможно е да не се чујат дел од критиките. Ама ниту еден весник, новинар нема да ми каже кој сум јас. Знам кој сум јас. Поради ова продолжувам да работам како досега. Ги почитувам сите мислења, ако го некого напаѓате лично станува тешко. Особено сум тажен кога тоа влијаае врз мојата фамилија и оние што ги сакам. Меѓутоа кога го носите дресот на ПСЖ секогаш имате одговорност, - рече Силва и додаде:
- Морам да продолжам да работам напорно и да им помагам на соиграчите. Конкуренција секогаш постои во фудбалот. Сите работи се кажани, имам 33 години. Имам уште две години од договорот, а потоа ќе му се предадам на некој друг, -порача Тијаго.