11 млади истражуваат, помагаат и споделуваат патувајќи околу светот - една од земјите каде застануваат е Македонија

Точка

20/04/2018

13:37

2.714

Големина на фонт

а а а

Весела Моловска, менаџер во културата што веќе десет години живее и работи во странство, во соработка со Јавна Соба од Скопје и World Life Experience од Португалија ја покрена иницијативата за еден ваков проект да се случи во Македонија.

World Life Experience од Португалија го лансираше проектот за пат околу светот во текот на една цела година на 11 млади ентузијасти кои сакаат да се вклучат во културо-социолошкиот развој низ различни земји и општества од светот. Овие 11 млади луѓе со различни профили и различно потекло, го започнаа своето патешествие во јануари 2018 година минувајќи низ Португалија, Шпанија, Англија, Холандија, Хрватска, Словенија, Чешка, Словачка и Босна, а од 19-ти април до 30-ти април се во Македонија.  


Нивното патување во секој град се состои од 5 работни денови како волонтери во културни и социолошки активности, додека пак останатите 5 дена им служат за разгледување и запознавање на околината, културата и општеството.

Секој што во овие денови би сакал да дојде да се дружи во Јавна Соба со овие млади од различно културно поднебје е добредојден.

Потоа, споделувајќи го своето искуство, традиција и култура и запознавајќи го нашето поднебје, истите овие 11 млади ќе го продолжат своето патешествие низ Тајланд, Виетнам, Камбоџа, Малезија, Индонезија, Јапонија, Австралија, Јужна Америка, Мозамбик, Бразил, Уругвај, Аргентина, Чиле, Боливија и Перу каде ќе раскажуваат и за искуството доживеано во Македонија.


Програма на World Life Experience

На 21, 22, 25 и 26 април овие 11 млади луѓе ќе бидат одговорни за некои од настаните што ќе се слчуваат во ЈАВНА СОБА

На 21 април во сабота, 17 - 21 часот, на просторот на летната тераса на Јавна Соба ќе се случува кулинарскиот ден во кој тие ќе приготвуваат традиционални јадења од својата земја на потекло (Бразил, Венецуела, Кабо Верде, Португалија, Шпанија, Италија, Украина, Аргентина, Русија).

На 22 април, недела од 10 часот тие ќе започнат со подготовки на пролетната градина во Јавна Соба за која ќе бидат одговорни да се претвори во расад од пролетни цвеќиња и прекрасни миризливи зачини што се употребуваат и во нивните кујни.


На 25 април во среда од 21 часот ќе бидат проектирани кратки филмови преку кои ќе ја прикажат современата филмска уметност на своите земји.

Додека на 26 април во четврток ќе се случува разиграната ноќ во која ќе се забавуваме низ ритамот на звуците од world music сцената што ги идентификува нивните земји на потекло.



Спонзорирани линкови

Маркетинг