Од трета мајка: Поранешен аргентински репрезентативец се посрамоти со пеналите

Дерби

20/04/2018

13:29

1.024

Големина на фонт

а а а

Лисандро Лопез, поранешниот аргентински репрезентативец, кој настапуваше за тимовите на Лион и на Порто, а сега игра за тимот во кој ја почна кариера Расинг Клуб, направи потег кој повторно го вивна во медиумската јавност.

Тој со своите 35 години е капитен на клубот и секогаш го има главниот збор во делот на тоа кој да шутира пенали. На вчерашниот дуел во „Копа Либертадорес” против Васко Де Гама, во кој тимот нa Расинг извојува победа со максимални 4-0, Лопез беше главен актер во ,,сапуницата со изведување пенали”.

Најпрвин во 12 минута имаше можност да го отвори резултатот од пенал и промаши, потоа кон крајот на првото полувреме при водство од 2-0, повторно промаши и во 60.минута нервозно ја грабна топката и успеа да го совлада противничкиот голман и да го постави конечниот резултат. Сепак на крајот инаетот се исплатеше.

##https://twitter.com/GoalUK/status/987234527507460096##



Спонзорирани линкови

Маркетинг