Барселона на чекор до шампионската титула: И недостига уште една победа

Дерби

20/04/2018

12:58

843

Големина на фонт

а а а

Реал Сосиедад му одржа фудбалска лекција на Атлетико Мадрид вчера вечер на „Аноета“, а со самото тоа и направи услуга на Барселона која сега е на дофат на титулата во шпанската Примера.

Сега разликата меѓу Барса и второпласираниот Атлетико е 12 поени во полза на ,,каталонците”, но плус се со натпревар помалку. Што со овие факти, Барса веќе на следниот натпревар може да ја освои титулата во Ла Лига.

Следниот натпревар е на 29 април на гости кај Депортиво Ла Коруња,а оваа предност е недостижна ако се знае дека ,,каталонците” се подобри и во директниот дуел со Атлетико.

Барселона е тимот кој се уште ја нема почувствувано горчината на поразот во Ла Лига и се со скор од 25 победи и 8 нерешени меча.



Спонзорирани линкови

Маркетинг