Актуелниот македонски шампион, МЗТ Скопје покрена иницијатива за намалување на бројот на странци во домашниот шампионат. Како причина за ова барање клубот од Аеродром ги посочува лошите резултати на младински селекции и фактот што сениорската репрезентација спадна игра во најнискиот ранг во натпреварувањата на ФИБА.
Причините поради кои МЗТ Скопје Аеродром ја почна иницијативата за намалување на бројот на странци се однесува од ШЕСТ на ЧЕТИРИ, со интенција таа бројка да биде намалена и на ТРИ почнувајќи од сезоната 2019/20. Првиот чекор, според МЗТ Скопје е секогаш најтежок,но како шампиони се секогаш подготвени да го направат тоа од самите нив, и сега на потег е Македонската кошаркарска федерација (МКФ).
Не помина долго време и веднаш се јави и Македонската кошаркарска федерација која изрази комплетна поддршка за овој предлог и воедно ги охрабри сите клубови да застанат позади иницијативата на актуелниот шампион.
– Нашите тригодишнизаложби за унапредување на квалитетот на младинските категории и заздравување на развојот на македонската кошаркарски иднина ја увиде и еден од водечките клубови во македонската кошаркарска историја и сакаме да информираме дека ќе ја започнеме постапката согласно актите на федерацијата за промена на бараниот член во Регистрацискиот правилник и тоа со концензус на сите оние кои му сакаат добро на овој спорт кај нас, – стои во соопштението од МКФ.