Полицијата објавила снимка од Принц пред смртта, не знаат од каде му е лекот кој го убил

Точка

20/04/2018

12:48

7.432

Големина на фонт

а а а

Две години по смртта на музичарот Принц, обвинителството објавило дека во тој случај нема да поднесат никакви обвиненија, бидејќи е невозможно да се утврди како поп-ѕвездата ги набавила лековите кои го убиле.

Обвинителството со еден лекар кој на Принц му препишувал лекови, постигнало договор според кој тој само ќе плати казна, бидејќи не биле пронајдени докази дека тој му ја дал смртоносната доза. 

"Едноставно немаме доволно докази за во случајот со смртта на Принц да обвиниме било кој за криминал", рекол Марк Мец, обвинител во оркугот Карвер во Минесота, каде се наоѓа имотот на пејачот.

Принц умрел на 21. април 2016. година од ненамерно предозирање со силниот опиоден аналгетик фентанил.

Мец во истрагата заклучил дека Принц мислел дека зема друг аналгетик, викодин, а по грешка посегнал по пакетчето во кое имало фентанил. Од каде ги земал, не е јасно.

"Најверојатно, Принц не знаел дека зема погрешен лек кој може да го убие", рекол Мец. "Нема докази дека тие таблети му ги препишал лекар. Нема ни докази дека имало намера или мотив да биде убиен", додал обвинителот.

Сепак, фентанилот некој му го дал. "Нема сомнение дека станува збор за потези на поединци во окружението на Принц. Но, сомнежите и алузиите не се доволни за поднесување на обвинение", рекол Мец.

Смртта на Принц го шокирала и изненадила светот, бидејќи 57-годишниот уметник бил модел за здрав живот, кој не пушел и пиел алкохол, се хранел вегетаријански, а музичарите кои користеле дрога не биле добредојдени во неговото студио. Меѓутоа, пател од големи болки по операцијата на колкот.

Кратко пред објавата дека обвинителството нема да поднесе обвинение, постигнат бил договор со лекарот од Минесота, Мајкл Шуленберг, кој на Принц му овозможува да дојде до големи количини на лекови, така што му ги препишувал и на неговиот тапанар Кирк Џонсон.

Мец рекол дека мотив за тоа било да се заштити приватноста на Принц, а не да му се наштети. Покрај тоа, нема докази дека Шуленберг бил тој што му го дал кобниот фентанил. Шуленберг ќе плати казна од 30.000 долари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг