Тренерот на Бешикташ покажа каква му е главата откако беше погоден со метален предмет во лудницата во Турција

Дерби

20/04/2018

10:56

1.668

Големина на фонт

а а а

Шенол Гунеш го извлече најдебелиот крај од хаосот кој настана на теренот за време на дербито меѓу Фенербахче и Бешикташ кое се играше изминатава ноќ, а истото не го дочека својот крај поради тоа што тренерот на гостите беше погоден со метален предмет од страна на домашните фанови.

Бесните навивачите на Фенербахче ја „торпедираа“ клупата на гостите со различни предмети, а турските медиуми пренесуваат дека искусниот Гунеш бил погоден со помал метален предмет во главата поради што бил пренесен во болница. Оттаму ни пристигна и првата фотографија за тоа каква е расеченицата на Гунеш и како изгледа неговата глава по хаосот во дербито, за кое во овој момент се уште не се знае дали ќе биде воопшто доиграно (истото беше прекинато по инцидентот на почетокот на вториот дел).



Спонзорирани линкови

Маркетинг