Англиските медиуми големо внимание посветија на бурниот излив на емоции на нервозниот Алваро Мората, а ако во прв план падна неговата првична реакција и вербалниот конфликт кој го имаше со дел од фановите на Барнли, целосната снимка ни укажува на тоа дека шпанскиот напаѓач беснееше и на клупата за резерви.
Мората кого дефинитивно никогаш го немаме видено во вакво издание, комплетно „полуде“ и почна да фрла работи на клупата за резерви, а дека ситуацијата беше навистина хаотична најдобро ни доловува тоа што не можеше да биде смирен и од страна на Сеск Фабрегас кој пробуваше да го утеши својот сонародник.