Единствен грев на оваа жена бил малиот хиџаб: Еве како моралната полиција сурово ја казнила

Точка

20/04/2018

09:03

4.497

Големина на фонт

а а а

Исплашената жена била дивјачки претепана од страна на моралните полицајци во Иран, бидејќи нејзиниот хиџаб се сметал "недоволен" за покривање, соопштиле активистите за слобода на жените.

Вознемирувачката сцена во тоа што изгледа како јавен парк во сред ден, тајно ја снимал набљудувач, а на социјалните мрежи ја споделиле групите за правата на жените. 

Снимката на почетокот покажува жена со црвен шал, која покрива дел од главата додека разговара со маж и една жена. Неколку секунди подоцна, две жени во црни униформи почнуваат да удираат и да ја прекоруваат жената.

Агресивните напаѓачки, за кои се смета дека се припаднички на моралната полиција на исламската теократија - стануваат се понасилни кон нивната преплашена жртва. Другите жени, кои изгледа дека не се членови на полицијата, им помагаат додека се загрева расправијата.

Додека трае злоставувањето жртвата почнува да вриска, а нешто подоцна била снимена како лежи на подот и плаче, додека ја окружуваат голем број на луѓе. 

На крајот на видеото, бруталните напаѓачки им се спротивставуваат и на оние кои не се согласиле со нивните акции.

"Оваа жена беше злоставувана од полицијата како казна поради својот мал хиџаб. А тие нам ни кажуваат дека хиџабот е "мало прашање"", стои во описот на видеото.

Групата "Бела среда" ги поттикнува жените да ги игнорираат прописите така што ќе се снимаат без хиџаб и ќе го објавуваат тоа на социјалните мрежи. Велот е задолжителен во облекувањето на жените во Иран од Исламската револуција во 1979. година.

Исламскиот закон исто така им забрануваат на жените да допираат, танцуваат или да пеат со мажи кои не се од нивното семејство. На жените им е дозволено само јавно да го покажат своето лице, рацете, стапалата и да носат скромни бои.

Во текот на годините, меѓутоа, жените се спротивставиле. Во ноември се појавиле снимки од жени кои стоеле покрај полицајците откако оделе низ улиците без хиџаб.



Спонзорирани линкови

Маркетинг