На почетокот на идниот месец лутите ривали Барселона и Реал Мадрид повторно ќе се судрат, а сега е познат и терминот на натпреварот.
Двата ривали ќе се сретнат во рамките на 36-то коло од шпанска Ла Лига од каде што веќе пристигна потврда дека официјалниот термин на натпреварот ќе биде во недела, на 6-ти мај со почеток во 20:45 часот.
Ако се сетиме дека последниот „Ел Класико“ се играше на пладне во еден нетипичен термин за европското тло, пред се поради прилагодувањето на азискиот пазар, ова ќе биде конечно добар термин за сите европски љубители на фудбалот.
Сепак, според многумина натпреварот ќе нема премногу големо резултатско значење, затоа што Барселона до тогаш речиси сигурно ќе ја обезбеди шампионската титула во шпанското фудбалско првенство.