Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, стана предмет на шега во неговата земја откако корисниците на интернет успеале да откријат дека врамената слика пред која се фотографирал е всушност обработена во фотошоп и дека всушност на нејзината оригинална верзија била жена која пуши голема цигара со марихуана.
Себастијан Курц неодамна беше во официјална посета на западната австриска покраина Форарлберг, каде што се состанал со претседателот и гувернер на покраината, Маркус Валнер.
За време на средбата тие двајца биле фотографирани како седат и разговараат во кабинетот на гувернерот, пред врамена слика од планински пејзаж.
Сепак, корисниците на социјалните мрежи кои се познати по тоа дека можат да ги забележат и критикуваат и најмалите пропусти, набрзо откриле дека станува збор за лажна фотографија и дека на фотографијата всушност се наоѓала азиска жена која пуши голема цигара со марихуана.
По бројни коментари и прозивки за социјалните мрежи, гувернерот Валнер се извинил за тоа што оригиналната слика била обработена во фотошоп.
„Како што многумина забележаа, мојот тим направи грешка. Фактот дека сликата подоцна била компјутерски обработена и изменета не е во ред, но верувајте, ова е прв и последен пат да се случи грешка од моја страна. Од името на целиот тим би сакал да се извинам за тоа“, рече Валнер во изјавата.
Austria's chancellor is being ridiculed after his party's social media team doctored a photo to "replace" a picture in the background of an Asian woman smoking what looks like a reefer with a nice safe country scene pic.twitter.com/dB8fS5Hdv9
— Simon Sturdee (@simonsturdee) April 17, 2018