Кафето може да им помогне на луѓето со срцеви заболувања

Точка

19/04/2018

21:00

5.370

Големина на фонт

а а а

Секојдневното пиење кафе и чај може да биде од корист за луѓето кои имаат проблеми со срцето, велат научниците. Новото истражување ја поврзало консумацијата на кофеин, како состојка на овие два популарни пијалаци, со намалувањето на стапката на аритмии и абнормален срцев ритам. Научниците, сепак, предупредуваат дека луѓето кои имаат проблеми со срцето не треба да пијат енергетски пијалаци, кои содржат многу повисок процент на кофеин.


Аритмија е состојба во која срцето бие премногу брзо, побавно или има нееднаков ритам. Многу лекари ги советуваат пациентите со атријална или вентрикуларна аритмија да избегнуваат пијалаци кои содржат кофеин. Но овие научници го покажале спротивното.


Тие анализирале 11 значајни научни студии, во кои вкупно биле вклучени 360.000 луѓе и откриле дека кофеинот нема никакво влијание на вентрикуларната аритмија, пишува Гардијан.


Анализата укажува дека внесот на кофеин од 300 милиграми на ден може да се смета за безбеден кај пациенти кои страдаат од аритмија. Тоа е, приближно, количина која е содржана во три шолји кафе.

Сепак, постојат бројни индивидуални разлики кога е во прашање чувствителност на ефектите на кофеинот, земајќи ги во предвид факторите кои водат до аритмии кај некои одделни случаи.


"Во студиите, во кои бил вклучен голем број луѓе, пациентите кои умерено конзумирале кафе и чај имале помал ризик за појава на проблеми со срцевиот ритам. Можно е тоа да влијаело позитивно на должината на нивниот животот", заклучува тој.

Студијата беше објавена во научното списание на Американскиот колеџ за кардиологија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг