Подморницата со која Хитлер „побегнал” во Јужна Америка, пронајдена во близина на Данска

Точка

19/04/2018

19:53

11.071

Големина на фонт

а а а

Исчезнатата германска подморница за која се вели дека ги пренесла поразените нацистички лидери во Јужна Америка по Втората светска војна е откриена по 73 години.

U-3523, една од подморниците на Хитлер тип XXI, била откриена на брегот на Данска од страна на истражувачите од „Музеј на поморски војни” во Јутланд, кои работеле на проект за мапирање и спасување на остатоци во Северното Море.


Подморницата била една од првите подморници дизајнирани за продолжен престој под вода. Нејзиниот опсег овозможувал непрекината пловидба до Јужна Америка.

Таа била потопена од британски бомбардер B-24 Liberator на 6 мај 1945 година, истиот ден кога сојузниците ја ослободиле Данска од нацистичката окупација. Во таа прилика погинале сите 58 членови на екипажот.


Сепак, неможноста да се пронајде подморницата, во текот на последниве неколку децении предизвика појава на гласини, вклучувајќи ја и онаа дека Хитлер ја искористил за бегство во Јужна Америка. Истражувачите наведуваат дека нема докази дека било кој нацистички лидер бил во подморницата.

U-3523 е пронајдена недалеку од Скаген, најсеверниот дански град, 15 километри подалеку од позицијата што ја означил британскиот бомбардер.


Герт Норман Андерсен, директорот на музејот, рече: "Мислам дека гласините се развиле бидејќи U-3523 беше мошне модерна подморница за долги растојанија и некои нацисти се обидоа да избегаат со скапоцености во последните денови. Но, подморницата со нацистите и скапоценостите одела кон Норвешка, а не кон Јужна Америка".


Моментално постои само еден зачуван пример и е изложен во германскиот поморски музеј во Бремерхафен - една од главните подморници на нацистичка Германија во текот на Втората светска војна.

Според Андерсен, подморницата била на тајна мисија кога била бомбардирана од Британците, додавајќи гориво на гласините за нацистичките бегалци.


"Зошто бегале и каде оделе, никој не знае. Што на некој начин го прави сето ова возбудливо", рече Андерсен.

Тој рече дека „Музеј на поморски војни” нема планови за спасување на потонатата подморница, која моментно се наоѓа на длабочина од 123 метри и е закопа во морското дно.




Спонзорирани линкови

Маркетинг