Русија поднела цврсти докази: Средството со кое е отруен Скрипал го направиле Американци

Точка

19/04/2018

20:34

4.947

Големина на фонт

а а а

Русија поднела доказ дека нервниот агенс новичок е произведен и патентиран во САД како хемиско оружје во 2015. година, изјавил денес постојаниот претставник на Русија во Организацијата за забрана на хемиско оружје "OPCW", Александар Шуљгин.


 

Тој тоа го кажал за време на говорот на вонредната седница на извршниот совет на OPCW за инцидентот во Солисбери, кога биле отруени рускиот разузнавач Сергеј Скрипал и неговата ќерка, пренесува "Tass".

Шуљгин покажал документ од Канцеларијата за патенти и робни марки од САД, датиран на 1. декември 2015. година. Тој, исто така, укажал на тоа дека оваа канцеларија претходно и се обраќала на руската страна, со молба да ја провери "исправноста на откритието чиј автор е американскиот научен соработник Т. Рубин".

Во документот пишувало за изработка на специјален куршум со полнење за отровна супстанца.

Постојаниот претставник на Русија објаснил дека муницијата требало да биде полнета со бинарни компоненти кои се мешаат за време на пукањето, пренесува "Sputnik".

"Во крајна мера една од овие активни супстанции со која може да се полни куршум, може да биде некој од нервните агенси, како што се табун, сарин, соман, циклосарин VG, VM, VR, VH, и обратете внимание, агенси кои припаѓаат на типот "новичок"", рекол Шуљгин.

Тој нагласил дека оваа формула сведочи за тоа дека во САД се изработувале и патентирале супстанци од типот на "новичок". "И не многу одамна, има неколку години, патентот е датиран на 1. декември 2015. година", прецизирал дипломатот.

Тој навел дека со пребарување на "Google.patents.com", со клучен збор "новичок" излегуваат повеќе од 140 различни патенти поврзани со користење и заштита од влијанието на боеви отровни супстанци од овој тип.




Спонзорирани линкови

Маркетинг