"Тешко е да гледате некој друг да го прави она што ние го правиме 40 години"

Точка

19/04/2018

18:33

2.945

Големина на фонт

а а а

Во вторникот во Лондон, премиерно беше прикажан мјузиклот „Tina: The Tina Turner Musical” за животот на американската поп-легенда.


"Многу луѓе ме прашуваат зошто сакам да направам мјузикл. Тешко ми беше да одговорам на тоа, затоа што не сакав", рече Тарнер.


"Пред сè, тешко е да гледате некој друг да го прави она што ние го правиме 40 години. Јас сум перфекционист, па гледам по малку критички", рече Тина Тарнер после мјузиклот, кој го гледаше од публиката.


"Но, кога видов колку добро го сторија тоа, се чувствував гордо", додаде таа.


Мјузиклот е проткаен со приказни за животот на познатата пејачка, за нејзиното детство, за бракот, за денешниот живот, но и за концертот одржан во Бразил во 1988 година, кој беше виден од 180.000 луѓе.


Не беше изоставен ниту делот од нејзиниот живот, додека беше во брак со Ајк Тарнер, во кој таа има претрпено насилство.


"Ме исцрпија до смрт, ви велам", рече пејачката која беше ментор на Адријана Ворен, младата Тина Тарнер во мјузиклот.

Тина Тарнер дојде на премиерата на мјузиклот со својот сопруг со кој се венча во 2013 година, после 27 годишна врска.



Спонзорирани линкови

Маркетинг