Снимката од новиот антисемитски напад ги шокираше Германците: "Еврејско копиле, прибери го тој мобилен телефон"

Точка

19/04/2018

18:17

7.142

Големина на фонт

а а а

Нападот се случил во берлинската населба Прензлауер Берг, со претежно граѓанско-интелектуално население.


Германската јавност е шокирана од новиот антисемитски напад кој во вторникот вечерта се случил во Берлин. Веста и снимката од нападот со огромна брзина се прошириле на социјалните мрежи.

На снимката снимена со мобилен се гледа еден арап, кој со колан удира личност која држи мобилен во рака. Момчето притоа изнесувало навреди на сметка на националната и верската припадност на жртвата. "Еврејско копиле, прибери го тој мобилен телефон", рекол напаѓачот додека удирал со коланот по жртвата, и притоа неколку пати повторувал "јахуда", што на арапски значи "Евреин".

Напаѓачот бил одвлечен од едно момче од група која се нашла таму, но тој сепак во еден момент успеал да фрли празно шише кон жртвата, која одела по него.

Во текот на денот се воспоставило дека жртвата не е Евреин, туку арапски Израелец кој не верувал дека истакнувањето на еврејски верски обележја во Берлин може да биде опасно. Тогаш заедно со еден пријател Германец ставил капа со еврејски симбол на глава и излегол на улица. "Си реков: Такво нешто не е можно во Берлин. И неколку минути подоцна се уверив во спротивното", рекло момчето за израелска телевизија.

Нападот се случил во населбата Прензлауер Берг со претежно граѓанско-интелектуално население. "Ако се случеше тоа во Нојкелн, населба со висок процент на арапско население, не би се чудел, но тука...", го изразил своето чудење младиот Израелец.

## https://twitter.com/JFDA_eV/status/986356754039672833##

Претседателот на германскиот еврејски Комитет, Јосеф Шустер, побарал на напаѓачот, доколку полицијата го уапси, да не му се суди само за физички напад. "Ние мора да дознаеме која е позадината на неговиот антисемитизам. Ниеден човек на светот не се раѓа како антисемитист", рекол Шустер.

Американскиот Еврејски Комитет - "AJC" за Германија соопштил дека ова е само еден од многуте слични случаи во последно време. "Ние не смееме да ги затвориме очите пред растечкиот антисемитизам во делови од арапската и муслиманската заедница", рекла директорката на "AJC", Деидре Бергер.

Овој напад предизвикал лавина реакции и кај германските политичари, кои веќе некое време велат дека треба да се објави војна на растечкиот антисемитизам, посебно меѓу младите муслимани во Германија. "Антисемитизмот е присутен во сите слоеви на општеството и против него мора да се бориме со сите средства", рекла Ангела Меркел, која овој случај го окарактеризирала како "ужасен".

"Неподносливо е што младите луѓе кај нас се напаѓани само затоа што носат јармулка. Евреите во Германија никогаш повеќе не смее да се чувствуваат загрозени", рекол германскиот министер Хаико Маас.

Берлинскиот центар за следење на антисемитизмот минатата година забележал 18 напади со антисемитска позадина. Берлинскиот градоначалник Михаел Мулер рекол дека Берлин со антисемитизам не е Берлин "во кој сакаме да живееме".




Спонзорирани линкови

Маркетинг