По шест децении владеење на браќата Кастро, нова ера во Куба: Нов претседател е Мигел Дијаз-Канел

Точка

19/04/2018

16:13

3.110

Големина на фонт

а а а

Политичарот Мигел Дијаз Канел станал кубански претседател, по шест децении владеење на семејството Кастро. Одлуката била донесена на седницата на парламентот, со што Куба влегла во нова ера. Раул Кастро ќе го напушти челото на партијата дури на наредниот конгрес во 2021. година, кога ќе наполни 90 години.


Агенцијата оценува дека без разлика на оваа промена, по речиси 60 години владеење на семејството Кастро, не се очекува таа да предизвика големи реформи во кубанската економија под контрола на државата и еднопартискиот систем, еден од последните во светот. 

Кубанската влада вчера го номинирала првиот потпретседател Дијас-Канел како единствен кандидат за претседател, со што е загарантирано дека тој 57-годишен инженер ќе го наследи генералот Раул Кастро.

"AP" пренесува дека оваа номинација сега треба да ја потврди Кубанското Народно собрание со 604 пратеници, кои секогаш ги потврдуваат номинациите целосно или речиси целосно едногласно.

За нов потпретседател е предложен Салвадор Валдес Меса, поранешен синдикален службеник кој во кубанската влада бил на повеќе значајни функции.

Дијас-Канел припаѓа на млада генерација лидери, се заложувал за модернизација на островот, но од него, како долгогодишен функционер на Комунистичката партија, не се очекува дека ќе инсистира на големи политички промени, пишува "Reuters".

Доколку биде избран, Дијас-Канел ќе биде првиот претседател на Куба кој е роден по Кубанската револуција.

По струка е електро-инженер, а судејќи по се, тој е посовремен лидер од Раул и Фидел Кастро, кои владееле со островот минатите шест децении.




Спонзорирани линкови

Маркетинг