ЕЛЕМ: Во години на големи дотоци капацитетите не се во можност да ја прифатат целата вода

Макфакс

19/04/2018

16:11

1.144

Големина на фонт

а а а

АД ЕЛЕМ може да произведува електрична енергија преку хидроелектраните толку колку што е нивната моќност, реагира ЕЛЕМ по обвинувањата што ВМРО-ДПМНЕ ги изнесе денеска на прес-конференција.

„Во години на големи дотоци, како што е оваа, производствените капацитети на АД ЕЛЕМ технички не се во можност да ја прифатат целата вода. Два и пол месеца електраните „Глобочица“ и „Шпилје“ работат со максимален капацитет и се произведува електрична енергија според максималната инсталирана моќност на овие капацитети. Сакаме исто така да појасниме дека немаше потреба да се прави претпразнење на акумулациите во есенскиот период затоа што претходното раководство на компанијата ги остави акумулациите речиси празни и од тие причини дополнително претпразнење не беше потребно да се направи“, велат од ЕЛЕМ.

Понатаму, во нивната реакција се додава дека тие не се единствениот корисник на водните ресурси каде што има инсталирано хидроенергетски капацитети, па со оглед на тоа, АД ЕЛЕМ може да ги користи дотоците во овие водни ресурси согласно со Дозволите за користење на вода, кои пропишуваат услови за користење.

Исто така, потребно е да се наведе и дека во изминатите месеци АД ЕЛЕМ со максимални напори го одржуваше балансот и на Охридското Езеро и по течението на Дрим и во акумулациите сè со цел да не им се нанесе штета на околните населени места, и во тоа се успеа.

ЕЛЕМ додава дека нивна цел не е по секоја цена да произведат и да остварат профит, туку во координација со Центарот за управување со кризи да ги заштитат околните населени места во одредени критични моменти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг