Шкода наскоро ќе го претстави новиот "Kamiq"

Точка

19/04/2018

17:42

3.565

Големина на фонт

а а а

Новиот SUV на чешкиот производител Шкода ќе се нарекува "Kamiq", а Чесите го нарекуваат „мејнстрим градски SUV“ кој што конкретно ќе биде развиен за кинескиот пазар, а официјалната премиера е закажана за Самот на автомобили во Пекинг.

Називот на новиот SUV на Шкода се уште не е официјално потврден, но како што пренесуваат чешките медиуми - "Kamiq" е речиси сигурна опција. Новиот SUV ќе биде дизајниран за специфичниот кинески пазар, а по големината ќе се позиционира веднаш под "Karoq".

Првите скици кои што се појавија на интернет откриваат дека "Kamiq" ќе биде прилично сличен на "Karoq", а во внатрешноста може да се каже дека владее минималистички дизајн.


Според чешките и кинеските медиуми, под хаубата ќе има 1,5-литарски бензински мотор кој ќе развива 110 коњски сили, но сигурно е дека тој мотор нема да биде единствената опција кога станува збор за "Kamiq".

Кина инаку е најголемиот поединечен пазар за чешкиот производител на автомобили. Една од четири нови автомобили на Шкода се продава токму на кинескиот пазар, каде што вкупно се извезени 325 илјади возила.


Како што откриваат чешките медиуми, новиот "Kamiq" на Шкода ќе се произведува локално во рамките на Шангај - Фолксваген партнерството.



Спонзорирани линкови

Маркетинг