Три натпревари суспензија за Маркос Алонсо

Точка

19/04/2018

17:03

2.101

Големина на фонт

а а а

Алонсо на натпреварот од 33-то коло во англиската Премиер лига, брутално стартуваше врз фудбалерот на Саутемптон - Лонг, но главниот судија не го забележа тоа, па Шпанецот продолжи да игра.

Маркос Алонсо се правдаше дека не е виновен, но сепак камерите добро го открија стартот, по што Дисциплинската комисија при Англискиот фудбалски сојуз одлучи да го казни со три натпревари суспензија.

Тоа значи дека Антонио Конте нема да може да смета на услугите на Алонсо на натпреварот против Саутемптон во полуфиналето од ФА Купот, како и на дуелите против Барнли и Свонси во англиската Премиер лига.

„Требаше да добие црвен картон. Разочаран сум што судиите не го видоа тоа. Сите беа на радиус од 10 до 15 метри и барем еден од нив требаше да го види тоа“, изјави тренерот на Саутемптон, Марк Хјуз.



Спонзорирани линкови

Маркетинг